За Шилегов, протестите се собири на Груевски и „неговото весело друштво“!

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ги исмеа протестите на ВМРО-ДПМНЕ за приведувањето 36 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, нарекувајќи ги собири на Груевски и на „неговото весело друштво“!



„Вчера, колку што бев известен од страна на Сообраќајна полиција, поради собирот на Груевски и неговото весело друштво, Сообраќајна полиција не беше во можност да одговори на потребите на Градот за стопирање на сообраќајот“, објасни Шилегов зошто вчера немало полициски патроли што би спречиле искачување со автомобил на Водно, во согласност со одлуката на Градот од крајот на ноември.