За чудната констатација на Османи – не треба Бадентер за Влада, го подучи Давкова

Двојно мнозинство се употребува во исклучителни ситуации кога се носат закони или се решаваат прашања кои се директно врзани за културата и идентитетот на сите сегменти. Формирањето на Владата не е такво прашање, и ние треба да имаме Влада како сите во ЕУ, одговори кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на изјавата од министерот за внатрешни работи Бујар Османи кој денеска кажа дека за Влада е потребно двојно мнозинство, односно обично и Бадентер.



– На изборите има само еден победник, нема двајца победници, ниту имало, ниту треба да има, а двојно мнозинство се употребува во исклучителни ситуации кога се носат закони или се решаваат прашања кои се директно врзани за културата и идентитетот на сите сегменти. Формирањето на Владата не е такво прашање, и ние треба да имаме Влада како сите во ЕУ, а тоа најмногу треба да го заговараат оние кои се декларираат со придавката европски. Во владата треба да има место за Албанците, но и останатите етнички заедници, јас од секогаш сум го велела тоа“, изјави Силјановска-Давкова.