Повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери троши шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, месечно, пренесе Фактор.
Tие трошоци се покриваат од буџетот.
Бербок ги оправдува високите трошоци кои се покриваат од германскиот буџет, и кои во 2022 година изнесувале 136.500 евра годишно.
Вели дека шминката за телевизиски настапи е неопходна поради силните рефлектори во студиото.
„Инаку изгледате како ‘гробар’, затоа што сте цели сиви“, им рече Бербок на новинарите.
Како што рече Бербок, тешко е секогаш да се најде шминкер на лице место при патување, особено во странство, па таа секогаш има придружба.





