Ниту еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче рекоа пред судот дека не се чувствуваат виновни.



Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо рече дека е невин за делото за кое се товари, Палчо денеска пред судот кажа дека ова е политички монтиран процес и дека тој воопшто не се познава со таткото на Вања.

„Александар е наместен од полицијата дека има врска помеѓу нас. Јас овој човек не го познавам, ниту Обвинителството има докази за тоа. Целиот процес е монтиран, се викаа и организираа медиуми да ме сликаат како ме носат во суд. Ова Обвинителство нема ниеден доказ, ниту ми се овозможени сите услови за одбрана”, рече Палчо, објави СДК.

При поуката од судот дека може да се бранат и со молчење, таткото на Вања рече „се ставам на располагање, наместо молчење“, јавува ТВ21