За речиси 1/3 помал откуп лани во споредба со претходната година

Земјоделски производи во износ од 16,8 милијарди денари, или околу 273 милиони евра, биле откупени во текот на минатата година.



Но, изненадува што тоа е дури за 28,7 проценти помалку од преклани, кога откупот тежел 23,5 милијарди евра, односно околу 383 милиони евра. Тоа произлезе од анализата врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, што ја направи порталот „Пари“.

Податоците покажуваат дека нема квартал во кој ланскиот откуп бил подобар од прекланскиот.

Земјоделците, за таквата состојба велат дека сѐ помалку се обработува земјата, многумина ја оставија и заминаа во странство и очекувано е тоа да се огледа во падот на откупот на земјоделските производи. Но, тие зборуваат и за нерегистриран откуп, каде што трговци со пари на рака земаат земјоделски производи…

Целата анализа на „Пари“ на следниот ЛИНК