За Пендаровски било „опасност“ тоа што на опозицијата ѝ пречи името Северна Македонија!

Застанувањето на македонската опозиција зад две третини од граѓаните со право на глас што го бојкотираа референдумот од 30 септември 2018 година, со што не дадоа согласност за промена на името на Република Македонија, за претседателот и кандидат за реизбор Стево Пендаровски било „опасност“.



„Една опасност доаѓа од опозициската страна и за тоа предупредувам. Говорам за главната опозициска партија, која нуди враќање назад. Ниеден договор досега не им чини. И по 23 години сакаат да го менуваат Рамковниот договор. Им пречи името Cеверна Македонија, а не им пречат функционерските плати што ги земаат“, рече на митингот во Прилеп човекот зад чиј грб на јавните настапи одат електронски написи „нашиот претседател“, избегнувајќи го името на државата што ѝ го наметна партијата која го предложи за втор мандат едноподруго, како и придавката „македонски“, за кој тврдат дека ја одбраниле со Преспанскиот договор?!