Најомразениот фудбалски човек на „чизмата“ во последните денови, селекторот кој не ги однесе Аѕурите на Светското првенство, а не сакаше да даде оставка, сепак, доби отказ. Италијанската федерација го смени Џанпјеро Вентура откако тој одби веднаш да ја напушти позицијата, а тоа го бараше целата нација.
Италијанците не успеаја да ја елиминираат Шведска во баражот и нема да играат на мундијалот следната година, но интересно 60 годишниот тренер не сакаше да си замине и сметаше дека треба да го одработи договорот до крај. Тоа беше јуни 2017, иако тој в џеб имаше и „дил“ да остане до 2020 година ако ја однесеше Италија на СП.
За да се ослободи од Вентура, Фудбалската федерација на Италија ја презеде обврската да му исплати 866 илјади евра.




