Италијанската актерка Орнела Мути (59) беше осудена за измама на осум месеци затвор поради тоа што “глумела” дека е болна и со тоа го избегнала шоуто во театарот и наместо тоа заминала на вечера со претседателот на Русија Владимир Путин.
Судот во Порденоне, во североисточна Италија, ја прогласи за виновена за измама. Таму откриле дека во декември 2010. година актерката го убедила својот доктор да и издаде лажна потврда дека боледува од ларингитис и со тоа да ги избегне договорените перформанси во театарот Верди во Трст.

Наместо да глуми во договорената театарска претстава и со тоа да добие околу 25.000 евра, Орнела Мути заминала во родниот град на Владимир Путин Санкт Петербург на добротворна вечера, на која присутвувале многу гости како и американскиот актер Кевин Костнер.
Судот во Порденоне ја казни актерката со 600 евра парична казна и казна затвор од осум месеци, што може да се конвертира во условна, ако актерката плати 30.000 евра отштета на театарот во Трст.






