За Брисел неприфатливи територијалните претензии на Костадинов кон Македонија

Од Европската Комисија ја осудuvaaт изјавата на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов кој преку фејсбук статус, минатата недела, ја повика владата во Софија, да објави претензии за припојување на Бугарија со Македонија и со украинскиот регион Јужна Бесарабија.



Во изјава за ТВ 24 порачаа дека суверенитетот на државите мора да се почитува и дека за ЕУ неприфатливи се сите изјави кои ги поткопуваат основните вредности врз кои е изградена Европската Унија.

„Како и обично, не коментираме коментари, но потсетуваме дека суверенитетот на државите мора да се почитува. Секоја изјава против или дејствија што ги поткопуваат овие принципи се неприфатливи. Тие се во спротивност со основните вредности на мирот, стабилноста, соработката и добрососедските односи, врз кои е изградена Европската Унија“, порачаа од Европската Комисија за ТВ 24.

На објавата на Костадинов, реагираше македонското МНР, дека очекува официјална Софија да се огради од изјавата на Костадинов, но од таму нема реакција.

ТВ 24 побара став од институциите во Брисел, со оглед дека овие изјави се од политичар кој доаѓа од земја-членка на Европската Унија.

Македонското МНР со силна осуда за „влажните соништа“ на бугарскиот трампист Костадинов