Кочо Анѓушев, заменикот премиер на владата за економски прашања, за Радио Канал 77 изјавил дека за него било прифатливо да се најде ново име за државата како начин да се забрза влезот во ЕУ и НАТО.



„Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Сите предуслови за тоа да можете да го направите е да најдете решение и компромис за името.

Јас сакам и сум свесен дека тоа мора да се реши. Северна Горна или Нова Македонија, тоа народот ќе си каже.

За мене и Северна и Горна и Нова е прифатливо решение“, изјавил Анѓушев за Канал 77.

Toj смета дека „црвена линија“ треба да биде идентитетот и јазикот… но дека „за името треба да направиме една одредница која што ќе биде интернационално прифатлива.“