ЛДП во парламентот ќе дејствува независно изјави претседателката на партијата Моника Зајкова. Таа во гостување на ТВ Сител истакна дека Коалицијата го задржува односот на прва опозициска партија во Собраннието и дека очекува сите партии да останат конзистентни во своите ставови.
- -Знаете дека и во претходниот парламентарен состав, ЛДП не ги подржа измените на КЗ, Законот за игри на среќа, туку имаше повеќе свои законски иницијативи кои што се однесуваа на измените на КЗ во делот на застареност на кривичните дела, законски иницијативи кои што се однесуваа на благосостојба на животните, барањето за една изборна единица повторно останува – образложи таа.
Зајкова потенцираше дека соодносот со коалицијата на СДСМ останува ист.
– Коалицијата го задржува оној однос на прва опозициска партија во Собранието и оној сооднос кој што го има во комисиите. Ако вие дејствувате и некогаш не се сложите со одредени политики од вашата коалиција и дадете поддршка на политики кои што се дел од вашите програмски определби, меѓутоа, доаѓаат од друга коалиција, не значи дека нешто се нарушува или дека некоја партија треба да се чувствува обесправена – рече таа.
Зајкова сподели дека доколку се работи за интерес на државата, тие би поддржале и политики на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на случувањата со Преспанскиот договор и со соседите, односно како гледа на она што се случи со инаугурацијата на новата претседателка, таа одговори дека треба да им се остави време да се види какви политики ќе преземат оти како што рече, не мора секогаш да значи дека ако стартот е лош и дека крајниот резултат ќе биде лош.
– ЛДП ќе остане конзистентна, но, се надевам дека ќе останат конзистентни и оние партии кои го добија мандатот за да формира влада – потенцираше Зајкова во интервјуто на ТВ Сител.
Извор: ТВ Сител





