Заштитни барикади и многу полиција пред штабот на “Вреди”

Заштитни барикади и засилено полициско обезбедување. ВРЕДИ слави и доминира победничка атмосфера. Од партијата за МИА велат дека сето ова е преземено само поради безбедносни причини, но, како што, посочуваат немаат никаква најава за некаков инцидент или загрозување по животот на некој од присутните претставници од медиумите, и членовите на партијата.



Присутните извикуваат „Победа, победа“.

На прес-конференцијата се обраќаат претседателите на партиите од коалицијата Изет Меџити, Биљал Касами и Арбен Таравари.

За потсетување, на првиот круг од претседателските по одржување на првата прес-конференција по затворање на гласачките места, членот на ДУИ Артан Груби со други членови и симпатизери од партијата дојдоа да прославуваат пред штабот на албанската опозициска коалиција, по што сите медиумски работници и симпатизери на коалиција беа преселени на друга локација, односно кај седиштето на Демократското движење, за, како што рекоа тогаш, да не дојде до некаков инцидент.