Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова, пренесува Б92.
Таа реагираше на медиумските наводи дека Брисел и се заканува на Србија дека би можело да ѝ биде одбиено евентуалното членство во Европската унија доколку претседателот Александар Вучиќ отпатува во Москва за да го одбележи Денот на победата на 9 мај.
Ако ова е вистина, рече Захарова, тогаш „евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи“.
„Вака фашистите пред 80 години ги принудуваа луѓето да се одречат од својата татковина, етничка припадност и религија, од сите оние што ги сметаа за „луѓе од втор ред“. Таквата политика е неприфатлива и претставува опасен преседан во односите на Европа со суверените држави“, посочи Марија Захарова.
„Ќе одам во Москва на 9. мај“ – Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ѝ одговори на Каја Калас






