Се делат бесплатни маски за граѓаните, во сила е ограничување на сообраќајот, забрането е движењето на камиони низ градските улици, откажани се сите спортски настани.
Амбулантни возила се распоредени низ плоштадите на главниот град, болниците воведоа вонредни мерки за да ги примат сите оние кои ќе се пожалат на проблеми предизвикано од нечистиот воздух.
Сето ова се случува во Техеран, главниот град на Иран, каде мерните станици регистрирале 160 микрограми штетни ПМ-честички на еден метар кубен воздух, со што се смета за еден од најзагадените градови во светот.






