Попладнево и вечерва се игра во четири групи во Лигата на шампионите. Средбите од ова коло може да донесат одлука и расчистување околу пласманот во осминафиналето во неколку ситуации.
Во составот Е веќе започна дуелот на Спартак и Марибор, а подоцна е натпреварот за првото место меѓу Севиља-Ливерпул. Во конкуренцијата Ф во редовниот термин од 20.45 сугурниот Манчестер Сити се соочува со Феенорд, а Наполи го дочекува Шахтјор за да ја задржи теоријата за осминафиналето.
Во седмиот сегмент од ЛШ во два термина играат Бешикташ и Порто односно Монако и Лајпциг. Во сегашниот значи започнатиот меч Турците можат се да решат околу својот настап натаму и со реми, а за вториот патник ќе се решава во овие две последни кола. И конечно во групата 8, Реал гостува кај Апоел, а во дербито кое не носи многу неизвесност поради големата разлика во освоени бодови во полза на Англичаните, во Дортмунд играат Борусија и Тотенхем.




