Започна пријавувањето за ПРВ ДО ВРВ 2025

Започна раното пријавување за најголемиот планински спортски настан во регионот, Sparkasse Life PRVDOVRV2025, кое следната година ќе се одржи на 18 мај.



Традиционално, на програмата на настанот се трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмскивелосипедизам, електрични велосипеди и тим-билдинг трката за компании.

Раното пријавување им овозможува на сите заинтересирани да го обезбедат своето место во трката по пониска цена.

Пријавувањето за трките се одвива преку веб странатаwww.prvdovrv.mk


Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.