Царинската управа соопштува дека во заедничка дводневна акција со Министерството за внатрешни работи се одземени 22 возила со странски регистарски таблички управувани од македонски државјани.



Запленетите возила се различни марки и од нив четири се марка Мерцедес, три се марка АУДИ, две се марка БМВ, едно патничко товарно возило е марка ТЕСЛА и слично, а сите возила се управувани од државјани на Македонија на територијата на државата за повеќе од 6 месеци.

На сторителите на прекршоци ќе им биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд“, велат од Царинската управа.

„Според тоа, во согласност со законските овластувања на Царинската управа, кои се во согласност со критериумите и условите дефинирани во Истанбулската конвенција за привремен увоз, одредбите од Царинскиот закон и одредбите од Уредбата за спроведување на Царината, државјаните на РМ- и странците можат привремено да увезуваат и управуваат возило на територијата на Република Македонија за време на престојот, но најмногу 6 месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да јанапушти територија на Република Македонија“.