„Запалката дојде до бурето барут“, ЕУ го губи Балканот

Занимавајќи се со себе Европа и своите дефекти Европа не може да ги види опасниот развој на настаните на југоистокот од континентот кои што можат да имаат фатални последици, пишува виенскиот весник „Ди Пресе“ кој што цитира предупредувања за регионот кои што се присутни во голем број други медиуми.



Весникот вели дека интересот за регионот е се поголем а медиумите веќе ги испратиле своите новинари во регионот, алудирајќи на воените известувачи кои што намирисале војна и можност за медиумска слава.

Со сличен став е и магазинот Europaische Rundschau кој одблиску ги следи настаните на Балканот а кој го цитира предупредувањето на експертот за безбедност Ведран Јихиќ според кого „регионот е временска бомба која што отчукува“.

Според Јихиќ моќни луѓе ја зголемуваат својата моќ, а национализмот повторно на многу места е техника на владеење.

„Мирот е загрозен од маскираните аспирации на Албанците за заедничка држава и од желбата за поголема моќ на српските националисти“, предходно објави германскиот магазин Шпигел.

И медиумите во Централна Европа со доза на страв пишуваат за Балканот. Весникот „New Eastern Europe“ кој се печати во Краков Полска се прашува дали Европа го губи Балканот.

За овој магазин главно прашање е дали Балканот станува центар за регрутирање на милитатни исламисти потсетувајќи дека голем дел од борците не ИСИС доаѓаат од Албанија, Босна, Косово и Македонија.

ИСИС е под притисок во Ирак и Сирија а повратниците од таму се како „запалка до буре барут“, се вели во написот на полскиот весник.