Билборд на претседателскиот кандидат на албанскиот опозициски блок ВРЕДИ, Арбен Таравари, ноќва на полноќ бил опожарен во Скопје, на улицата кај Зоолошката градина.
„Виновниците мора да бидат казнети со закон, затоа што ќе бидат тешко казнети и со гласање. Билбордот веднаш ќе биде заменет, но тие ќе изгубат“, се огласија со реакција од коалицијата ВРЕДИ во која вели дека на ваквите проблеми им доаѓа крајот.
Од ВРЕДИ велат дека би сакале да веруваат дека е несреќа, но велат дека билбордот од другата страна воопшто не бил допрен.
„Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши.
Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи. Го повикуваме народот да почека уште неколку недели, изборите се ближат, насилниците си заминуваат“, се вели во реакцијата.






