Антирускипропаганден фонд тежок 250 милиони американски долари, ќе се користи и за да се спречи руското влијание во Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Македонија, Молдавија, Косово и Украина, како и во некои членки на НАТО и ЕУ кои се „ранливи“ на пропагандата од Москва.
Америка и нејзините сојузници во НАТО се подготвуваат за жестока анти-руска медиумска офанзива во Србија, пишува белградскиот весник „Вечерње новости”.
Постојат сознанија, дека 250 милиони американски долари што американскиот конгрес ги доделил за Фондот за борба против руското влијание за фискалнаните 2017 и 2018 години, наскоро ќе пристигнат во Србија.
Според весникот, во полн замав се подготовките за проектот наречен „Соочување со руската дезинформациска кампања на Балканот”, кој треба да започне кон крајот на оваа или почетокот на идната година со стартување на Регионален медиумски центар за одбрана и безбедносни прашања , кој сега носи работното име „Балканската безбедносна мрежа”.
Операцијата за „спротивставување на руската информативна војна во регионот” – всушност обид да се воспостави целосна американска контрола во медиумите во оваа област – ја води Џон Капело, висок соработник за воени прашања во Фондацијата за одбрана на демократијата (ФДД) и поранешен американски воен аташе во американските амбасади во Србија и во Израел, како и од Даниел Сантер, директор на белградската НВО Евроатланска иницијатива (ЕАИ).
Проектот, исто така, ги вклучува и секторот за јавна дипломатија на НАТО од Брисел и Канцеларијата за врски на НАТО во Белград, британската амбасада во Белград, претставници на Германија, Канада, Норвешка и Словенија.





