Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, сега амбасадор во Велика Британија, порача дека неговата земја ќе почне да мобилизира и жени „ако тоа е неопходно“.
„Ако стане неопходно да се повикаат жените за да ја спасат Европа од војна, тогаш можеби ќе го направиме тоа. Но, според мое лично мислење, неопходно е да се спречи војна во Европа, како што беше случајот во 1939 година, на други начини, а не со регрутирање на Украинки“, рече украинскиот дипломат за време на говорот во Чатам Хаус.






