„Треба да ги покренеме економските параметри на повисоко ниво и да им го подобриме животот на граѓаните кои и тоа го очекуваат. До претседателските избори во 2019 година треба сите да се посветиме, и власта и опозицијата, да одработиме за граѓаните“, изјави премиерот Зоран Заев.
Според него, тесното парламентарно мнозинство на владеачката коалиција не може да биде причина за тоа.
„Тенко мнозинство имаше и при формирањето на Владата, но тоа е демократија. Јас сум растоварен од тоа“, рече премиерот, како што пренесува „Либертас“, според кој тој како премиер не планира избори во 2018 година.





