„Во дебатите со странски инвеститори луѓето ми велат: дај направете го чекорот, мала земја сме, ќе исконтролираме – како во Амстердам сите се хај, нема разводи на брак, сите се среќни, хај се…“ рече премиерот Зоран Заев во емисија на „Телма“.
Запрашан од домакинот во „Ноќното студио со… „зошто Македонија да не изгради таков имиџ или се плашите да не случајно конзервативните средини и во гласачкото тело да не биде тоа доживеано лошо“, премиерот објасни дека се потребни реформи во админстрацијата за таа да биде подготвена да го држи тоа под строга контрола.
Заев информираше дека е во напредна фаза законот со кој се нормира садењето на канабис во медицински цели и дека очекува тој закон „да раздвижи многу во Македонија“.
Темата за легализирање на марихуаната се наметна во дискусијата во контекст на прашањето за укинувањето на полезноста на досегашната забрана за продажба на алкохолни пијалоци во вечерните часови.
Делот од разговорот за марихуаната може да се погледне на видеото подолу по 1:13.50 минута
https://youtu.be/VYS2DlwSPoI






