Видео, на кое се гледаат актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче и поранешниот лидер Зоран Заев на забава во Дубаи, беше споделено на социјалните мрежи.
Како што се гледа на видеото, тие биле на журката на познатиот пејач Харис Џиновиќ во ексклузивниот хотел „Хилтон“ во Дубаи на 25 и 26 октомври октомври годинава.
Видеото го сподели и порталот Вечер.
Добро упатени извори тврдат дека Заев и Филипче навистина биле заедно во Дубаи и не ја пропуштиле ексклузивната прилика да се провеселат на журката на Џиновиќ.
За македонската јавност, пишува Плусинфо, многу поинтересно е прашањето е што барал на оваа журка лидерот на СДСМ Венко Филипче и каква е неговата поврзаност со шпекулациите дека неговиот политички ментор Зоран Заев ги сели бизнисите во Дубаи, каде што од март идната година, наводно, планирал и тој да се пресели…






