Заев за новогодишните празници кај Бутарис во Солун

Премиерот Зоран Заев ќе ги прослави новогодишните празници кај градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, потврди портпаролот на македонската Влада, Миле Бошњаковски.



„Премиерот Заев ќе оди, но посетата ќе биде во форма на приватна посета. Значи, нема да биде официјална државна посета“, им изјави Бошњаковски на новинарите на денешниот редовен брифинг.

Поканата премиерот ја доби од Бутарис за време на неговата посета на Скопје на 16 ноември.