„Задграничниот комитет“ во Дубаи одлучува за иднината на СДСМ – Филипче ќе си добие нов мандат?

Централниот одбор на СДСМ вечерва (вторник, 5 ноември), ќе одржи седница, на која се очекува да бидат донесени важни одлуки, кои можат директно да влијаат и врз иднината на водечките луѓе во партијата, но и врз начинот на кој таа ќе учествува на претстојните локални избори.



По објавувањето на видео-снимката на која се гледаат актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче и поранешниот лидер Зоран Заев на гранде журката на познатиот пејач Харис Џиновиќ во Дубаи, во кругови на опозициската партија владее застрашувачки молк – пишува Плусинфо.

Иако во претходните денови поранешни врвни кадри на СДСМ се огласија со коментари за незавидната состојба во партијата, по одлуката на Филипче неговата средба со Заев во Дубаи да се прогласи за „приватна“ и да не се коментира јавно, се чини дека истите луѓе кои креваа врева ја прифатиле партиската „омерта“.

Сепак, на вечерашната седница на Централниот одбор ќе се расправа, меѓу другото, за важни статутарни прашања, при што, во најмала рака, ќе се насетат директивите со кои претседателот Венко Филипче се вратил од Дубаи, од средбата со својот политички ментор Зоран Заев.

Добро упатен партиски извор за Плусинфо брифира дека и од официјалните најави за она за што ќе се расправа на вечерашната седница, може лесно да се заклучи дека главната директива од „задграничниот комитет“ на СДСМ во Дубаи е по секоја цена сегашниот лидер Венко Филипче да ги задржи своите позиции, а со тоа Заев да го задржи своето пресудно влијание во партијата.
– Се предлагаат статутарни измени во таа насока. Така, на пример, се предлага да се укине функцијата заменик претседател на партијата. Не се предлагаат никакви промени во начинот на избор на раководствата на општинските организации, а се ветуваше дека тоа ќе се прави на непосредни партиски избори. Нема ништо од тоа ветување, шефовите на општинските организации, кои се клучни за локалните избори, ќе бидат именувани како и до сега, со доминантно влијание на претседателот – вели нашиот извор од СДСМ.

Но, тоа не е најважната директива од Дубаи. Кон крајот на ноември треба да се одржи Конгрес на СДСМ за избор на делегати за наредните четири години. Но, во март 2025 година, мандатот на Венко Филипче истекува, па треба да се одржи нов изборен конгрес. Бидејќи Филипче не е сигурен дека ќе победи на конгресот во март, директивата од Дубаи е тој мартовски конгрес да се „прескокне“, а на Филипче едноставно сега да му се продолжи мандатот и да му се овозможи во наредните четири години да владее со СДСМ.

Доколку се официјализира овој предлог, тој ќе се брани со потребата да се сочува „единството во партријата“ и да запре нејзиниот натамошен пад во пресрет на локалните избори. Во партијата се проценувало дека таа сега „тежи“ околу 110.000 гласови, но трендот е натамошен загрижувачки пад на рејтингот. Тоа практично е најава за уште еден катастрофален изборен пораз на СДСМ.

Целата анализа на Плусинфо на следниот линк: