Ана Костадиновска го преживеа кобниот пожар во дискотеката во Кочани. Таму таа настапуваше заедно со бендот ДНК.
Голем дел од членовите на бендот со кој таа постојано работеше ги загубија животите, а таа од сите нив се прости на фејсбук.
„Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа, ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден…“, напиша таа за Сара Пројковска.

За останатите членови од бендот напиша: „Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина…а кој би рекол дека празнината може толку силно да боли.“ напиша таа.





