Кит белуга со прекар Хвалдимир, кој беше осомничен дека е руски шпион, е пронајден мртов во југозападна Норвешка.
Телото на китот било пронајдено како лебди во заливот Рисавика во јужна Норвешка во саботата од татко и син кои ловеле риба, објави норвешката јавна телевизија НРК.
Хвалдимир, бил комбинација од норвешкиот збор за кит, „хвал“ и името на рускиот претседател Владимир Путин, а првпат беше забележан на северниот брег на Норвешка во 2019 година.
По неговата направена „јака“, со нешто што личеше на држач за камера со натпис „Опрема Св. Петербург“, почнаа шпекулациите дека се работи за „шпионски кит“.
Норвешките власти рекоа дека Хвалдимир можеби избегал од заградениот простор и бил обучуван од руската морнарица, бидејќи се чини дека е навикнат на луѓе.
Москва никогаш не одговори на овие шпекулации.
(…)
Во текот на изминатите пет години, тој бил виден во неколку норвешки крајбрежни градови и беше јасно дека е питом и сака да си игра со луѓе, тврди НРК.
Норвешките медиуми шпекулираа дека Хвалдимир наместо „кит шпион“, всушност бил некој вид „кит за терапија“.





