„Журнал“: СДСМ е во клиничка смрт, а Филипче сака да го врати во живот со „лидерските средби“! Се бори и тој да преживее како лидер!

„Барањето на Филипче за нова лидерска средба не произлегува од потребата за донесување важни државни одлуки, туку од желбата да остане во центарот на вниманието во време кога партијата што ја предводи, СДСМ, доживува не само најдлабок колапс во својата повоена историја, туку е и во клиничка смрт, не само како политичка сила, ами и како организациска структура!“ – нагласува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Кога СДСМ е во клиничка смрт Филипче бара политички кислород преку ‘лидерските средби“.



Натаму агенцијата пишува: Венко Филипче, новоизбраниот лидер на СДСМ и поранешен министер за здравство, се обидува да го врати вниманието на јавноста преку тактика позната на балканската политика, барањето за „лидерски средби“ како средство за градење на недостасувачката политичка тежина. Наместо да гради легитимитет преку визија и содржина, Филипче одбра да остане во сенка на другите лидери, во отсуство на вистинска агенда, а уште помалку на поддршка од народот.

Дали Филипче се обидува да оствари добивка од сенката на другите лидери?

Во суштина, барањето на Филипче за нова лидерска средба не произлегува од потребата за донесување важни државни одлуки, туку од желбата да остане во центарот на вниманието во време кога партијата што ја предводи, СДСМ, доживува најдлабок колапс во својата повоена историја.

ВМРО ДПМНЕ  отворено ја отфрли оваа покана, дури и со иронија предлжувајќи му на Филипче да се сретне со своите идеолошки партнери, како што се Али Ахмети, Арбен Таравари и Апасиеви: ова е исмевање, кое го истакнува Филипче како слаба второкласна личност, што нема легитимитет да свикува расправи за донесување одлуки.

Иронично, наместо да претстави нова платформа за враќање на СДСМ во игра, Филипче се обидува со формалност да ја замени содржината, да си придаде на себеси тежина преку празната симболика на политичкиот дијалог, кој во суштина нема ниту содржина, ниту реална поддршка. Филипче вели дека „Владата нема концепт за дејствување“, но самиот тој како лидер нема концепт. Тој само се обидува да преживее политички.

Вицепремиерот Арбен Фетаи беше јасен и одмерен во својот коментар дека лидерските средби се вообичаени и дел од политичката пракса во земјата, но и оти тие мора да имаат содржина, контекст и резултат, а не да служат како платформа за лично воздигање.

СДСМ стана партија во длабок колапс

Изборните анализи по последните избори го потврдија она, што долго време се чувствуваше: СДСМ е во клиничка смрт, не само како политичка сила, туку и како организациска структура. Длабоките загуби на централно и локално ниво, големиот пад  на бројката на активното членство, недостигот на идеолошко профилирање и внатрешните поделби го преобразија овој некогашен мотор на македонската транзиција во партија без насока, без влијание и, што е најважно, без надеж за непосредно закрепнување. Дури и да добие целосен мандат да остане во опозиција, на СДСМ ќе му треба не само време, туку и коренита реформа, за да ја врати довербата на граѓаните.

Во оваа реалност обидот на Филипче да ја „активира“ својата личност преку лидерските маси не ѝ служи на партијата, што ја претставува. Напротив, наликува како очаен обид да ја покрие програмската празнина со козметички потези, кои ниту го покренуваат неговото бирачко тело, ниту се сериозна алтернатива на владејачката ВМРО, или на албанските партии во подем. – пишува „Журнал“ во својата редакциска анализа.