„Иницијативата за создавање Албанска академија не е започната за ништо друго, ниту како патриотски, ниту како националистички чин, туку едноставно како одговор на постојаната дискриминација на Албанците во нивното претставување во постојната државна Академија.“ – тврди информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Потребата за Албанската академија е последица на постојаната дискриминација на Албанците во државната Академија!“.
Покрај другото, во својата анализа „Журнал“ пишува: Академијата на науките и уметностите на * Македонија е позната како главно засолниште каде што се собираат образованите македонски академици, кои го исфрлаат својот гнев против Албанците, а тоа го прават на отворен јавен начин. Овие „академици“ мислат дека колку си повеќе против Албанците, толку си поголем Македонец. Сега кога земјата е на крстопат во однос на продолжувањето на патот кон членството во ЕУ, мора да се направат уставни измени, ама бидејќи тука не се направени никакви промени, земјата се враќа на нула.
Кога беше Љупчо Коцарев претседател на Академијата на науки и уметности на * Македонија се огласи со скандалозна изјава, исмевајќи ја и навредувајќи ја свеста на граѓаните. Тој рече дека Академијата е против промена на Уставот, но е за ЕУ. Значи, иако е јавно познато дека уставните измени се единствениот услов во овој момент да се продолжи кон ЕУ, овој академик се потсмеваше на овој начин.
Но, во последниве денови, иницијативата за создавање Албанска академија не е започната за ништо друго, ниту како патриотски, ниту како националистички чин, туку едноставно како одговор на постојаната дискриминација на албанското претставување во оваа постојна Академија.
Home Македонија „Журнал“: Македонските „академици“ во Академијата на Р*М мислат дека колку си повеќе...





