„Журнал“: Амнестирањето на терористите од 27 април 2017 е можност да се случи нов, или и уште потежок тероризам!

„Сторителите на теророт врз Собранието, највисокиот орган на државата, што се случи на 27 април 2017 година, треба да ги сносат заслужените казни. Но, настојувањата за нивна амнестија водат кон нова можност за повторување на старото дело.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Амнестирањето на терористите е можност за повторување на делата!“.



Натаму, покрај другото, „Журнал“ пишува: Сите политички партии мора да реагираат против иницијативата за амнестирање на терористите, бидејќи таа не му служи никому. Иницијативата за амнестирање на терористите е колективно зло, бидејќи терористите се наградуваат со помилување. Ова ги разнишува демократските темели на државата. Секое простување на таквите дела е поттик да се создаде простор за повторување на истото дело, или да се случи уште потешко дело.

Што се случи на 27 април?

На 27 април 2017 година се случи најкобниот настан, тоа беше крвава ноќ за цела * Македонија. Имаше напад на Собранието, тепање пратеници и новинари од демонстранти на иницијативата „За заедничка Македонија“, која беше предводена од експонирани лица на ВМРО-ДПМНЕ. Овој напад се случи токму неколку моменти откако Албанецот Талат Џафери беше избран како претседател на Собранието.

Настаните на 27 април 2017 година мора да се паметат секогаш, за да не се повторат никогаш. Таа ноќ нападот врз Зијадин Села, како лидер на Алијансата за Албанците, со намера да биде убиен, претставуваше напад врз сите Албанци. Изборот на Талат Џафери на чело на Собранието беше надеж за сите Албанци дека е дојдено време да го добијат она, што го заслужуваат, и да бидат третирани достоинствено во својата држава. По седум години можностите да се повторат таквите напади се веќе поткопани.