Жолт „нисан“ плови низ Вардар во центарот на Скопје!

Граѓанин попладнево пријавил дека во реката Вардар, на потегот меѓу Камениот Мост и мостот Око, „плови“ патничко возило „нисан“. Екипи на МВР и на противпожаната служба се обидуваат да го извлечат возилото и да утврдат како се нашло во реката.



Светлата на автомобилот биле запалени, што наведува на заклучок дека возилото неодамна било во движење, но, како што се дознава, во возилото нема луѓе.