„Жив човек којшто работи знае и да погреши“: Мицкоски по оставката на Комисијата за помилувања

Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја вчерашната колективна оставка на Комисијата за помилувања.



„Кога ќе се констатира грешката ако се преземе одговорност тогаш тоа е и доблесно и јас така можам да ја коментирам одлуката на членовите на Комисијата којашто се занимава со теми од областа на помиувањето.

Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто коишто тие го имаат како морален чин а тоа е да се повлечат, тоа и го направија.

Така што очекувам тука да се затвори таа тема во јавноста“ изјави Мицкоски.

Комисијата за помилување синоќа  поднесе колективна оставка, која беше експресно прифатена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

За колективната оставка на Комисијата информираше професорот Гордан Калајџиев на Фејсбук, наведувајќи дека оставката ја поднесуваат од лични и професионални принципи.

„Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи“, стои во објвата на Фејсбук потпишана од проф.др Методија Каневчев, проф.др. Гордан Калајџиев, проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, др. Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.