Најмалку 39 полицајци се повредени во немирите што избувнаа во Саутпорт неколку часа по бдеењето за жртвите на нападот со нож во кој беа убиени три девојчиња.
Во нападот во понеделникот, покрај трите убиени, 11 лица беа повредени, меѓу кои девет деца, во училиште за танц во северозападна Англија.
Нападот се случил нешто пред пладне во градот Саутпорт, дваесетина километри северно од Ливерпул. Полицијата уапси 17-годишно момче.
Полицијата соопшти дека осум полицајци се здобиле со сериозни повреди, вклучително и скршеници и рани. Еден полицаец бил онесвестен, а други се здобиле со сериозни повреди на главата и лицето. Повредени се и три полициски кучиња, од кои две биле гаѓани со цигли.
Немирите, во кои полицијата соопшти дека учествувале приврзаници на десничарската Англиска одбранбена лига, започнале на само неколку улици подалеку од местото бдеењето за жртвите, во близина на џамијата во Саутпорт.
Тие фрлале цигли кон џамијата, запалиле автомобили и канти за ѓубре и оштетиле локална продавница, соопшти полицијата. Вкупно 27 полицајци се пренесени во болница, а на 12 им била укажана помош и се пуштени на местото на настанот, соопшти итната помош.
Веднаш по нападот, додека се уште немаше официјални информации, на социјалните мрежи се проширија лажни и непроверени тврдења.
Во низа објави и коментари се тврди дека напаѓачот се вика Али Ал Шакати, дека е азилант кој минатата година дошол во Велика Британија со брод, дека бил на списокот на британската тајна служба МИ6 и дека имал историја на психички проблеми. Ниту еден извор не беше наведен за ниту едно од овие тврдења.
Се поставуваат прашања зошто не е објавен идентитетот на убиецот.
Идентитетот на малолетниците обвинети за злосторства на возраст меѓу 10 и 17 години не се открива надвор од судот, се наведува на веб-страницата на британското обвинителство. Ова правило може да се прекрши само во исклучителни околности.
Би-би-си пишува дека 17-годишникот бил роден во Кардиф и дека се преселил во областа Саутпорт во 2013 година.
Неговите родители се од Руанда и има постар брат кој исто така е роден во Кардиф.
Today should've been about those innocent little souls in Southport.
Not this: pic.twitter.com/cyEWeQBEtw
— Mukhtar (@I_amMukhtar) July 30, 2024
One small positive among the disgusting scenes in Southport is this far right fuckwit getting his nadgers crushed by a flying brick. pic.twitter.com/M46CSJgbEd
— Parody Keir Starmer (@Parody_PM) July 30, 2024






