Жестока битка за „тронот” во СДСМ- Се скараа Филипче и Деспотовски

„Врие” на Бихаќка. Венко Филипче во изјава за ТВ 24 жестоко му одговори на Јован Деспотовски, дека обидите да го дискредитираат преку скриени пораки само ја слабее партијата.



Филипче, кој е член на крилото кое го поддржува Зоран Заев, во своето интервју нагласи:

  • Наместо да се фокусираме на внатрешната битка, треба да се обединиме и да работиме за доброто на партијата и граѓаните, рече Филипче.

    Ова е одговор на нападот на Деспотовски кој истакна дека старите луѓе треба да си заминат од партијата бидејќи народот од Струмица, Паланка и од цела Македонија не може да ги гледа.

    Партискиот конфликт помеѓу кандидатите за лидерската позиција, Деспотовски и Филипче, само ја продлабочува кризата во партијата која се соочува

    Претходно на изјавата на Деспотовски реагираше и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов. Тој жестоко го нападна Деспотовски, нагласувајќи дека ваквите потези претставуваат навреди и шиканирања. “Другарите кои сакаш да ги водиш, не можеш да ги навредуваш и шиканираш. Бидејќи тие не се твоја сопственост. Тие се твоето богатство и сила!”, напиша Костадинов.