Според институтот за економски истражувања „Finance Think“, неминовно е преземање мерки за „спас“ на Пензинскиот фонд во Македонија кој од година в година се повеќе тоне.
Само годинава за пензии ќе треба да бидат исплатени 878 милиони евра, предупредуваат експерти кои предлагаат:
Прво, зголемување на придонесот за пензиско осигурување од сегашните 18 на 22 отсто.
Второ, зголемување на старосната граница за замминување во пензија од сегашните 62 на 64 години за жени и од 64 на 66 години старост за мажи.
Експерти велат дека дека промените треба да се случуваат постепено, не веднаш, за да се елиминираат силните шокови како врз работниците, така и врз компаниите и товарот да не падне само врз една генерација, пренесува ТВ Алфа.
Така, зголемувањето на старосната граница би треба ла да се случи по пет години.




