Жена со нож нападнала патници во автобус во германската покраина Северна Рајна Вестфалија, јавуваат германски медиуми.
Во нападот се повредени пет лица, од кои тројца се во критична состојба.
Тројца убиени со нож, неколкумина повредени во Германија
32-годишната напаѓачка е приведена, таа не давала отпор.
Нападот се случил околу 19:40 часот во автобус кој патувал од Нојнкирхен до Зиген на градски фестивал.
Во автобусот имало околу 40 луѓе.
Се претпоставува дека жената-напаѓач била под дејство на алкохол или дрога.
Полицијата соопшти дека нема причина да верува дека нападот бил терористички напад.






