Жежок пречек за фудбалерите на Романија во Приштина – исвиркана химната, знамиња на УЧК и на Албанија на трибините (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Романија се соочи со непријателски пречек на стадионот во Приштина пред натпреварот со Косово на стартот од Лигата на нациите.



Веднаш по излегувањето на романските фудбалери на теренот беа опсипани со свирежи и со навреди, химната на Романија беше громогласно исвиркана од речиси полниот стадион „Фадиљ Вокри“, а на трибините можеа да се видат знамиња на УЧК и на Албанија.

Националниот тим на една од петте членки на Европската унија што не го признаваат Косово славеше со 3:0.