Продадени се сите билети за натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина што ќе се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот.
,,Вашата поддршката многу ни значи!
Ви благодариме!💙🤍
Достоинствено да навиваме и да го поддржиме нашиот клуб во големото европско финале, на патот до европска титула!🇲🇰🏆
Се гледаме во сала!👋”, објави пред малку ракометниот клуб Алкалоид кој по само 4 години од формирањето дојде во ситуација да се закити со европска титула.
Алкалоид по првиот меч во Атина има предност од 4 голови разлика.