Неодамна, на церемонијата на доделувањето на наградите ЕМИ, Ештон Кучер ја расплака цела сала со својот говор. Аплаузите и солзите се должеа на неговите зборови за неговиот брат близнак, кој страда од церебрална парализа.



Видливо возбуден и емоционален, Ештон зборуваше за љубовта, семејството и колку научил за својот живот од неговиот брат близнак, Мајкл Кучер.


„Од кога сум роден, се што имав јас морав да делам со мојот брат: роденден, кревет, соблекувалната, ние делевме сè и никогаш не бев сам, не знаев дека постои поинаков начин, бидејќи јас отсекогаш сум имал брат, брат ми е роден со.. церебрална парализа, и колку сме постари се ми е потешко што не сме еднакви. Иако ние не сме еднакви, имаме ист капацитет за љубовта“ рече Ештон.

Во оваа пригода, тој, исто така, зборуваше за своето семејство, за неговата сопруга, Мила Кунис и неговите синови Вајат и Димитри.

„Кога и мојата сопруга и јас станавме родители, тоа беше голема чест за нас! Првото нешто што помина низ мојата глава беше да ги повикам моите родители и да им кажам: „Жал ми е, никогаш не сфатив колку сте ме сакале“.