Поранешниот директор на Пентагон вели дека НАТО треба да разработи план за воена акција во случај на конфликт со Русија.
Како што пренесува РИА „Новости“, Ештон Картер, говорел на сесијата за сајбер безбедност на Светскиот економски форум во Давос.
„Мислам дека ние и нашите колеги од НАТО треба да развиеме план за воени дејствија против Русија. Имаме потреба и од план за инвазија во балтичките земји, каде Москва може да ги користи националните малцинства“, потсетил тој.
Според него САД не ја сметаат Русија за воен противник по падот на Берлинскиот ѕид, но сега ситуацијата е променета.
Претходно, претседателот на Украина, Петро Порошенко, повика Европа да создаде коалиција против Русија.





