„Во минатото видовме дека има сомнежи дека во одредени постапки имало и фалсификување на записници од самото работење на Судскиот совет, а со тоа покрај целокупното воспоставување на системот на контрола и надзор над работењето на судиите кои тие треба да бидат капата на правосудниот систем кој треба да ги мониторираат работењето на судовите и судските инстанци тие се предмет на обвинувања дека кај нив постои несоодветно постапувања и неприменување на законите“, истакна државниот секретар во министерството за правда Дајанчо Ефтимов на денешната трибина насловена „Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет и потребата од реформи во правосудниот сектор во Македонија“.
Ефтимов продолжи и додаде:
„Со овој извештај всушност станува збор за еден статистички извештај во кој можат да се видат само бројки и податоци во однос на постапувања на предмети каде немаме никакво суштинско решавање на проблемите и воспоставување на систем на надзор и контрола за подобрувања на состојбите во правосудниот систем“, кажа Ефтимов.
Ефтимов посочи дека членовите во Судски совет прават параван зад кој се затскриваат многу други постапки и додаде:
„И да не постои овој извештај целата македонска јавност, а и меѓународна заедница е свесна што се случува и на очи на целата јавност имаме факти и докази за конкретни случаи што истите не преземаат за воспоставување на владеење на правото во Република Македонија“, укажа Ефтимов.





