Владите на Украина и Полска влегоа во дипломатски конфликт откако официјални претставници на Варшава го споредија конфликтот меѓу Киев и Варшава со дипломатскиот спор меѓу Грција и Македонија.
Пораката од Полска до Украина преку министерот за надворешни работи Витолд Ваиковски е дека кон оваа земја поради нерешените прашања ќе биде исто толку одлучна како што е Грција при блокадата на Македонија за влез во НАТО и ЕУ за спорот со името.
Поради изјавата украинската влада го повикала на разговор полскиот амбасадор во Киев од кого е побарано да даде објаснување за изјавата на Вашиковски за украинските медиуми во која тој вели дека Украина не може да влезе во ЕУ се додека не ги надмине историските прашања и проблемот со статусот на полското малцинство.
„Нашата порака е многу јасна: Нема да влезете во ЕУ со Бандера ( Лидерот на крајната десница која убила десетици илјади Полјаци во текот на втората светска војна а сеуште се слави како херој во Украина). Ќе бидеме одлучни за ова прашање како на пример Грција против Македонија во врска со прашањето за името“, изјавил Вашиковски за украински весник.
Во одговорот од украинското министерство за надворешни работи се вели дека се разочарани од овие зборови. Киев бара поумерен пристап од полските политичари за сензибилни прашања за заедничката историја, во духот на разбирањето и почитувањето меѓу двете земји.
Читај и за бугарските стравови дека Белград ќе интервенира во Македонија






