Желбата и потребата на граѓаните да имаат период во денот во кој ќе има на користење електрична енергија по пониски цени ќе биде исполнета. Тие освен недела, ќе имаат можност да користат евтина тарифа по два часа во секој работен ден и во сабота, како што тоа беше пред укинувањето на евтината тарифа стои во најавата. Вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека прашањето било разгледано и на Самитот во Трст на средбите со челниците на Европската Унија и Европската енергетска заедница.



“Разговаравме како да ја реализираме оваа мерка без да бидат повредени правилата на Европската енергетска заедница. Постигнавме договор тоа да го реализираме”, рече Анѓушев.