ЕУ во февруари ќе објави стратегија за интеграција на Западен Балкан

Брисел интензивно работи на стратегијата за интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија, изјавил шефот на Делегацијата на ЕК во Белград Сем Фабрици според кого планот ќе биде објавен во февруари.



„Голем број на луѓе во Брисел работат за да ја креираат стратегијата во која што треба да дадеме патека за идната година“, изјавил Фабрици за српските медиуми.

Според него постои силен политички моментум во процесот на ЕУ интеграција за Западниот Балкан.

„Имаме прозорец на можности, временска рамка, но се разбира тоа ќе биде поврзано со процесот на кредибилни реформи во регионот на Западниот Балкан“, изјавил Фабрици.

Србија и Црна Гора веќе започнаа преговори за членство, Албанија и Макеоднија се официјални кандидати за членство без датум за преговори а Косово и Босна и Хервеговина во Брисел се водат како потенцијални кандидати.