Еуропол тргна во масовно апсење низ Балканот со цел разбивање на криминални групи кои се занимавале со местење на фудбалски натпревари во полза на обложувалниците. До сеге се приведени 11 лица и тоа во Словенија и Хрватска, но најавите се дека акцијата ќе продолжи со апсење во другите земји од регионот, па и во Македонија. Впрочем истрагата и започнала за наместени натпревари во Македонија, Србија и Чешка.



За сега нема детали, ниту имиња на упасените и за што точно се товарат уапсените, но медиумите од северните балкански земји пишуваат дека се работи за криминална група, која имала илегални платформи за обложување, а влоговите биле уплаќани во обложувалници во Азија. До овој миг нема реакции од фудбалските работници во Македонија, ниту некаква изјава од ФФМ иако според тоа како се одвивале акциите во регионот не е можно нашата фудбалска организација да не била, во најамала рака консултирана или информирана за случувањата на нејзините стадиони.