Етничка провокација на АА на Села: Зошто „терористите од 27 април“ се „слободни и претставени во емисии како херои“?!

„Нелегитимната еднонационална власт дополнително ја зајакнува својата назадна, противалбанска политика во одбрана на криминалот и македонскиот национализам. Не задоволувајќи се само со ослободувањето на терористите од 27 април 2017 година, докажано со судска одлука како такво, сега за истото започна процесот на рехабилитација. Само неколку дена откако директорот за санкции донесе одлука за нивно ослободување, некои од нив сега се претставуваат во ТВ емисии како жртви, па дури и како херои.“ – објави фракцијата во Алијансата за Албанците, со која раководи Зијадин Села, во својата провокативна реакција во „врска со македонскиот национализам“ и „македонските терористи“! Соопштението на АА на Села го пренесе информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.

АА на Села уште наведува: „Како се чувствува сега Арбен Таравари, поради постапките на неговиот пријател, директорот на санкции, кој ги ослободи осудените од 27 април, напаѓачите на Зијадин Села, кој токму во тоа време го направи Таравари прво министер за здравство, а потоа два мандати градоначалник и на крај претседател на партија? До кај ќе оди сервилноста негова и на коалицијата, чиј дел е?“

„На јавноста сега ѝ е веќе јасно зошто е формиран Европскиот фронт, зошто Албанците се здружија заедно со другите етнички заедници во земјава, за да се постават наспроти еднонационалната бура, што се нафрли врз сите други заедници пред парламентарните избори.“ – тврди ова партиско крило во АА, како дел на „Европскиот фронт“ на ДУИ и Али Ахмети.