Како што објави Чикаго Трибјун, 15 лица загинале, 87 се повредени, а речиси половина од настаните се случиле во последните 12 часа од одбележувањето на празникот 4. јули. Најмладата жртва е 13. годишно момче и најстарата е човек на 60 години.
BBC известува дека претседателот на САД, Доналд Трамп најавил дека ќе испрати сојузни агенти да и помогнат на локалната полиција во борбата против бандите кои водат војна во градот, бидејќи дури и ангажирање на дополнителни 1.300 полицајци за време на празниците не помогнало да се спречи насилството. Бројот на жртвите се зголемил во однос на минатата година, кога, за време на празникот 66 лица биле застрелани со огнено оружје. Податоците покажуваат дека од почетокот на оваа година се забележани повеќе од 1.800 случаи на убиства во Чикаго, но тоа е се уште е помалку од минатата година кога бројката за истиот период беше 2.035. Чикашката полиција вели дека инцидентите со престрелки се намалиле за 14 насто во однос на првите шест месеци од минатата година.

Насилствата оваа година е забележани претежно во јужните и западните делови на “ветровиот град”. Полицијата уапсила 58 лица кои биле обвинети за нелегално поседување на оружје и дрога. Како дел од истрагата полицијата проверува и како огнометите за време на празниците влијаеле на системот “ShotSpotter”, кој е релативно нова технологија која треба да помогне во регистрирањето истрели.
Според Чикаго Трибјун, системот го регистрира истрелот и ја насочува камерата кон изворот на звукот што треба да и помогне на полицијата. Службениците кои се во полициски станици во одредени области од градот и се одговорни за следење на системот треба да решат кои чекори ќе бидат преземени и дали треба да се испрати полициски тим на местото на настанот. Полицијата ги истражува и јавувањата на службите за Итна помош особено во периодот пред крајот на празникот.

“Голем број инциденти се случија во еден краток интервал и тоа треба да се испита, како и тоа што насилствата главно се случија на местата на кои и вообичаено има најмногу насилства”, се вели во соопштението на полицијата на Чикаго во кое се додава и дека повеќето од инцидентите започнале со мали конфликти кои потоа ескалирале кога една од страните во конфликтот вадела оружје. Придонес за големите проблеми имаше и масовното консумирање алкохол во деновите од празникот. Од петокот кога продолжениот викенд започна, до крајот на прославата во вторникот, на 4 јули, полицијата запленила вкупно 159 парчиња огнено оружје.






