Во Европа, гледано според вкупниот број на денови платен годишен одмор, водат Естонија и Велика Британија – 28 дена, а потоа Австрија, Данска, Финска, Франција, Луксембург, Норвешка, Шведска, со 25 дена платен годишен одмор.



Ова се само статистички податоци врз основа на минималниот број на денови пропишани со закон.

Во реалноста, состојбата често е многу подобро собено ако се пресметаат и државните празници. Така, во Естонија,покрај 28 дена годишен одмор, вработените имаат право и на 11 слободни дена за државни празници, што е вкупно 39 дена платено отсуство во една година.

Во Франција, работниците кои својот годишен од 25 дена не го користат за време на летните месеци, добиваат екстра денови. Така, во некои компании, како што е Телеком „Oringe“може да се случи работникот да има платено отстуство од девет и пол недели.

Работниците во Турција имаат најмалку – 14 дена платен годишен одмор, но и саботите се сметаат за работни денови.

Според бројот на државни празници, Македонците се на врвот – вкупно 16 празници во една година.

Но, бројот на неработни денови се разликува во зависност од тоа на кој ден е празникот  дали за викенд или делничен ден.