Според неофицијални информации Владата расправала на затворена седница за цената на струјата на ЕСМ и решила таа да биде повисока од јануарската за 5%, односно да порасне од 57 евра за мегават час на 60 евра.
Дополнително, како што пренесуваат повеќе медиуми годинава електраните ќе задоволуваат процентот 80 отсто од потребите. Што значи дека останатите 20% ЕВН Хоме ќе треба да ги набави од друг снабдувач.
Аукцијата на тендерот за набавка на струја за домаќинствата е на 20 јуни, а кој освен ЕСМ дал понуда не се знае. Досега друга компанија не понудила пониска цена од онаа на ЕСМ
Новата цена на струјата треба да стартува на први јули, а одлука нема да се носи за мрежарината.





